
Процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 57.891 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование започна денеска во 9:30 часот, информира Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
Според информациите до овој момент процесот се одвива непречено.
Процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна вчера и ќе заврши заклучно со 10 јуни.
Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветтоодделенците.