Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си и се извини на јавноста и најави истрага во врска со инцидентот при кој за време на „симулациска вежба“ негова новинарка по грешка на Твитер објави дека кралицата Елизабета Втора починала.
Во своето извинување до јавноста Би-Би-Си нагласи дека инцидентот се случил во „рамки на техничка проба во врска со известување за смртта“ на кралицата.
Пораката за „смртта на кралицата“ била објавена во време кога таа навистина се наоѓала во болница, но на редовен рутински систематски преглед.
– ИТНО: кралицата Елизабета е примена во болницата „Крал Едвард Седми“ во Лондон. Наскро следи соопштение на Би-Би-Си, напиша по грешка на Твитер новинарката Ахмен Хаваџа, која работи во сервисот на урду јазик.
Веста набрзо ја презеле американската телевизија Си-Ен-Ен и германскиот весник „Билд“, по што Хаваџа „по грешка“ објавува: „Кралицата Елизабета почина“.
По предизвиканата паника, Хаваџа ги избришала двете пораки на Твитер и напишала: „Лажна тревога. Ги избрашав двете претходни пораки“.
– Тоа е несолена шега. Се извинувам, напиша дополнително Хаваџа на Твитер.