ФОТО: Владата досега вложила околу 250 милиони денари за реконструкција на студентските домови

„Курир“ објави фото – галерија од која добро се гледа дека Владата на Република Македонија интензивно работи на подобрување на студентскиот стандард и условите за престој во студентските домови. Во студентските домови, од 2006-та година се вложени приближно 250 милиони денари.

Новите сместувачки капацитети во рамки на студентскиот дом „Стив Наумов“ минатата година беа пуштени во употреба.

 

Станува збор за комплекс со 8 целосно нови и современи павилјони, за чија изградба и опремување, Министерството за образование и наука издвои речиси 103 милиони денари.

sstudentski22

Исто така, согласно Програмата за работа на Владата, започна и реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, која е во тек и активностите целосно ќе бидат заокружени кон крајот на 2016 година, со оглед на тоа што се работи за навистина голем објект во кој се сместени најголем дел од студентите во сите студентски домови во земјата.

sstudentskii33

Вкупно ќе се инвестираат околу 350 милиони денари. Реконструкцијата се одвива етапно, со тоа што до крај на јули ќе заврши темелната обнова на блок Б, а потоа ќе бидат опфатени и сите останати блокови, како и мензата во студентскиот комплекс.

sstudentskii44

Во оваа прва фаза, се инвестирани 76,4 милиони денари.

sstudentskii55

sstudentskii77

dva

tri