
Дваесетгодишната Кристина Фењсароши од Србија исчезна во Лондон пред повеќе од 30 часа.
Според исказите на нејзините пријатели, таа преку една агенција пред три недели заминала да работи во Лондон, а вчера не се појавила на работа и оттогаш и се губи секаква трага.
-Цимерката со која е во Лондон се појавила на работа, но Кристина не. Ја побаравме на телефон, меѓутоа не е достапна. Деактивиран е и нејзиниот Фејсбук профил. Исплашени сме и молиме за помош, вели еден нејзин пријател.
За случајот е известена и англиската полиција. Истрагата покажала дека девојката не е во ниту една болница, ниту пак ја поминала границата.