Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на меѓународна Конференција која се одржа на 5 јуни во Париз. Темата на конференцијата на која присуствуваа 30 министри одговорни за високото образование, беше „Развој на нумерички франкофонски простор во високото образование“, а беше наменета за франкофонските земји.
Конференцијата е иницирана од страна на Меѓународната организација на Франкофонијата и Агенцијата за Франкофонија. Целта на организирањето на ваков меѓународен настан произлегува од побарувачката од повеќе земји за создавање на дигитален универзитетски простор за изучување на францускиот јазик.
На конференцијата беа издвоени четири подрачја или прашања кои се однесуваат на: Содржина на дигитални курсеви(бесплатни ресурси и онлајн обука); Поддршка на развојот на дигитализацијата во Франкофонијата; Минимални хардверски барања за образување на далечина; Можности за финансирањето на таквите програми. Во контекст на ова, стана збор за тоа дека подетално треба да се прецизираат сегментите и следејќи ги принципите, особено оние: за слободен пристап до нумеричките ресурси, за потребата од глобални планови за развој на нумериката во високото образование, за поддршка и развој на целокупната потребна инфраструктура на национално ниво, при што ќе се следи принципот за квалитет како и за реалност и остварливост, со цел да се развие нумеричка технологија која ќе овозможи достапност до нумеричките ресурси во земјите од Франкофонијата.