Јас вчера дадов одговор во Собранието пред тие јавно што ме избраа, а други двајца не дадоа одговор на серизни прашања, кратко одговори министерот за здравство, Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со поништениот договор со фирмата „Висарис“.
„Јас вчера дадов одговор во Собранието јавно пред тие што ме избрале. Потенцирав дека досега има исплатено нула денари за овој договор. Јас мојот одговор го дадов јавно, други двајца не дадоа одговор очекувам дека и тие двајца ќе дадат сериозен одговор на сериозни прашања“, одговори Тодоров.
Фирмата “Висарис“ со која Министерството за здравство имаше потпишано договор за набавка на опрема, како што рече вчера на собраниската говорница Тодоро, е раскинат поради неетичност. Но, останува прашањето дали истото може да го стори и струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев со фирмите на членови на неговото семејство, негови пријатели и блиски соработници.
Тодоров вчера одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека иако тендерот бил спроведен законски, сепак го раскинал договорот со „Висари“, чиј сопственик своевремено била и уредничката на ТВ Сител Ивона Талеска.
„Го раскинав договорот врз основа на начелото за нарушување на совесност и чесност предвидени со Законот за облигациони односи. Знам дека ќе речете ’ме фатија’, ама ние секогаш кога ќе видиме дека има неетичко работење, преземаме мерки. Дали ова начело на етичност важи и за лидерот на опозицијата?“, рече вчера министерот од собраниската говорница.