Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 10.000 долари во Кисељак, БиХ.
Во четвртфиналната пресметка Јотовски славеше против Австриецот Стефан Де Вард во два сета, со 6:3,6:1.
Ова ќе биде нова шанса за финале на нашиот тенисер, откако минатата недела играше во финалето на турнирот во Бол.