Не поминаа ниту четири часа откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев прво објави дека нема да учествува на разговорите во Брисел, а потоа повторно излезе со соопштение дека по телефонскиот разговор со еврокомесарот Хан пак го променил ставот и оти сепак ќе учествува во разговорите.
Јавноста е во шок. Тоа само по себе говори многу за лидерот на социјалдемократите пред се како човек и како политичар кој отворено претендира да ја води државата.
Со ова се потврдува она што беше пишувано и објавувано во дел од медиумите дека Заев игра очајни игри за да ги избегне изборите бидејќи е свесен дека ја нема поддршката на граѓаните.
Инаку, неговата експресна промена на ставовите предизвика низа реакции кај граѓаните, поради неговата несериозност и неодговорност и поради тоа што тој си поигрува со нивните чувства без трошка чувство и морал.
На социјалните мрежи веќе почнаа да се споделуваат вицови и коментари на сметка на претседателот на СДСМ, а вакви коментари не изостануваат дури ниту кај дел од обичното членство на социјалдемократите.