За една недела околу 900 повици на линијата Ало Докторе!

На телефонската линија Ало докторе 02/15-123 се примени вкупно 38.003 повици од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет!

За една седмица се примени 899 повици од 01.06.2015 година до 07.06.2015 година за медицински совет.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и два доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало Докторе

! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми  од променливите временски услови,совети за хроничните болни.