Осумдесет отсто од луѓето во светот загрижени за климата

Осумдесет отсто од луѓето во светот се мошне загрижени за состојбата со климатските промени, покажува едно меѓународно истражување, организирано истовремено во 79 земји.

Резултатите покажуваат дека 78,8 отсто од анкетираните се мошне загрижени, 18,96 проценти се средно загрижени, додека 1,65 проценти не се воопшто загрижени.

Коорганизатор на истражувањето се Обединетите нации, а првите резултатите официјални ќе бидат претставени во среда во Бон пред делегатите, кои преговараат за светската спогодба за глобално затоплување, која се очекува да биде примена на конференцијата за климата во Париз во декември.