
Изработката на новата стилска ограда на мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ е во тек, но поради спецификите на поставувањето, градежните активности би требало да завршат кон крајот на летото.
Оградата на овој мост е од ковано железо и на неа се бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследствосо сегменти од македонскиот фолклор. Впечатлив раскошен изглед дополнително даваат и канделабрите.
Автори на идејното решение за оградата се Константин Јанев и Маријан Камиловски. Целиот проект, освен нов лик на мостот, предвидува и ново осветлување, санацијата на тротоарите, како и на носечката конструкција.
Новата ограда на мостот кај „Холидеј ин“ се лееше во РЖ Институт од Скопје и белградската леарница „Јеремиќ“.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 1,4 милиони евра.