Луксузно туристичко одморалиште ќе се гради кај Дубровник

Хрватска објави тендер за големо туристичко одмаралиште во Купари покрај Дубровник.

Ова одморалиште некогаш и припаѓаше на Југословенската народна армија и располага со околу 1.600 легла.

Одмаралиштето било разурзнато на почетокот на војната во ’90-те години од минатиот век.

Проектот е вреден сто милиони евра и предвидува изградба на хотели со четири и пет ѕвезди со 1.500 легла, како и отстранување на четири разурнати хотели.

Досега шест инвеститори поднеле документи, вклучувајќи ги германскиот туристички оператор ТУИ, турскиот Риксос и Титан рил истеит, за кој се тврди дека е поддржан од руски капитал.