Мет Бреј се снимал секој ден, точно сто дена, како танцува иста точка, но на ралзично место.
Ова е дел од неговиот серијал ProjectOneLife, кое го објавува на ЈуТјуб каналот посветен на „живеење на животот до максимум“.
На ЈуТјуб напишал дека му требале неколку месеци за да избере совршена музичка подлога за неговиот танц и да ја научи кореографијата која ја осмислил.
Иако ова видео ги освои гледачите во делот од светот, Бреј тврди дека нема причина за славење затоа што заради него не е исполнет ниеден предизвик кој го поставил, дури ни оној дека ќе научи да танцува. Како што рече, мисли дека ова технички не е танц.
– Научив некои кул движења, но мислам дека се уште не дојдов до тој степен каде може да се сметам за добар танчер, така што таа мисија ќе ја оставам за некоја друга прилика, напиша тој.