Европа и Русија неодложно ќе мора да разговараат за прашањето за „Турски тек“, како и за обемот на испораките на гас, изјави заменик генералниот директор на Газпром, Александар Медведев, пренесе агенцијата Спутник.
Според него, Европа наскоро ќе биде принудена да разговара со Русија не само за прашањата за „Турски тек“, туку и за количините за испорака на гас.
– Веруваме дека свеста ќе надвладее во Европа и дека ќе разговараме не само за испораката на гас во Европа преку проектот Турски тек, туку наскоро ќе дојде време да разговараме и за дополнителни количества, рече тој.
Во моментов една третина од вкупното количество гас во Европа се доставува преку Русија.
Минатиот месец, „Газпром“ најави дека кон средината на јуни Русија ќе почне да ги поставува цевките на дното на Црното море за гасоводот „Турски тек“.