
Обединети нации денеска соопштија дека 6.454 луѓе се убиени и 16.146 се ранети во судирите во Источна Украина од април 2014 до 3 април 2015 година, објави МИА.
– Повеќе од пет милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, изјави во Женева портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на ОН (ОЦХА) Јенс Лаерке.
Судирите во Источна Украина последните денови се интензивираа, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето постигнато во Минск.