
Во административна зграда на американскиот Конгрес денеска е откриен сомнителен пакет, пишува МИА.
– Добивме телефонско известување за пронајден сомнителен пакет во канцеларија во зградата Дирксен. Со цел да се избегне катастрофа евекуиравме неколку ката. Во тек е проверка – изјави претставник на полициското обезбедување на Конгресот.
Освен главната зграда Капитол, Конгресот на САД има уште неколку објекти во нејзината околина. Во нив се сместени кабинетите на конгресмените и администрацијата на Конгресот. За влез во овие згради не се потребни посебни пропусници.