
Службеници на тајната служба на Белата куќа нешто после 14 часот по локално време ја прекинаа прес конференцијата на секретарот за печат која се пренесуваше во живо и ги евакуираа новинарите.
Евакуацијата се случила откако полицијата добила анонимна дојава за бомба, која набргу се утврдила дека е лажна.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјавил дека американскиот претседател Барак Обама не го напуштил својата канцеларија при евакуацијата на просторијата за прес конференции.
Просторијата за медиумите се наоѓа во енпосредна близина на Овалниот кабинет и западното крило на Белата куќа.