
Претседателот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман денеска изјави дека опасноста од банкрот на Грција се зголемува со секој изминат ден.
– Има силна волја да се помогне на Грција. Даночните обврзници од другите земји од еврозоната веќе дале значајни средства за поддршка на неизбежниот процес на корекции. Но, времето минува и опасноста од банкрот расте со секој изминат ден, истакна Вајдман во обраќање во Лондон, соопшти неговиот кабинет.