
Четириесетгодишниот Н.Џ. вчера бил нападнат на улицата „Маршал Тито“ додека чекал патници.
Дваесет и деветгодишниот И.Н. заедно со своите браќа Б.Н.(28) и Р.Н.(25) го нападнал Н.Џ. со дрвен предмет нанесувајќи му удари во пределот на главата и телото.
Повредениот е пренесен во медицинскиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош.
По превземени мерки осомничените се пронајдени и приведени, извршен е разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.