Собранискиот одбор за култура и информации во Србија со големо мнозинство гласови ја усвои иницијативата на народниот пратеник Саша Марковиќ ДДВ – то за дневниот печат, за сериските и монографските публикации да се намали од 10 на пет отсто и даночната стапка од 20 отсто да се преполови за услугите за огласување во весниците, пишува српски „Курир“.
– Причината за ваквата одлука е тешката состојба во медиумите, како и добрите искуства кои што сличните вакви мерки ги донесоа во Регионот и светот. Одлуката е поддржана и од партиите на власт и од опозицијата, со што, како што велат, е покажана намерата ммедиумите во Србија да се поддржат во понатамошното засилување и независна работа, оценува Далила Љубичиќ од Асоцијацијата на медиуми.
Министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ сметаљ дека фискалниот ефект од намалувањето на ДДВ – то на весниците, театарските и билетите за кино нема да биде премногу голем, но дека одлуката дали ќе го поддржи ќе зависи од поширокото економско образложение за предлогот.
– Не сум ги видел конкретните бројки. Не знам кој би бил фискалниот ефект од тоа. Мислам дека фискалниот ефект не би бил толку голем за тоа да претставува нешто што б и го загрижило министерството за финансии, вели Вујовиќ.
.