Откако ги истрошија блувотините врз Хан и видоа дека тоа не поминува, тргнаа со ова да го убедуваат Заев како треба да молчи за да успее да ги урне преговорите и верувај Заев изгледаше на сè, а најмалку на минимум политичар. Ова го посочи новинарот Бобан Нонковиќ при гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3.
-Заев на 12 часовните преговори, според информациите кои беа неутрални таму, од оние кои ја преставуваа Унијата таму, Заев бил целосно непрофесионален, постојано само повторувал работи кои значеле уцена. Тоа биле крајно деструктивни предлози кои значеле дека ако се држи до нив не може да се дојде до договор бидејќи однапред се знае дека не може. Тоа е барањето за оставка на премиерот кој е избран легитимно на избори признаени од ОБСЕ и ЕУ и да се создаде преодна или техничка влада неколку месеци пред одржување на предвермени парламентрани избори. Доаѓаме до моментот кога Заев го уценува Груевски дека има материјали со кои ќе го урне од власт, а ако не сака да ги објави да формира преодна влада. Никола Груевски можеше тоа да го направи и да не лиши сите нас, а и себе си од сето она што му се прави во изминатиот период и да го прифати. Ако тоа не го направи тогаш, сега после цело малтретирање на целиот македонски народ треба да му го прифати ултиматумот? Се разбира дека не, рече Нонковиќ.
Нонковиќ нагласи дека меѓу другото, тоа е едно од петте барања официјално на СДСМ и Заев. Како што рече, за четирите не само што има согласност, туку во рамки на средбата во Скопје минатата недела било договорено да се исполнат.
-Ти ми даваш пет ултиматуми, јас ти прифаќам четири и каков е тој договор ако ти за едниот ги рушиш преговорите. Од старт се гледа дека нема ниту желба, нути намера дека бил дојден за договор. Кога почнуваат преговорите тој се држи до ултиматумот. Почнуваат европските претставници да му кажуваат што значи преговори, што дијалог, дека тоа е двонасочна улица каде се добива, се дава, се губи и тоа е дијалог. Тоа на Заев е монолог. На почетокот тој ги поставува ултиматумите и од тој момент вели јас тука завршувам. Неколку часа Заев на тие преговори молчи и главата ја држи доле. Во повеќе од 20 обиди на европските претставници нешто да му укажат, да остварат комуникација со него, Заев не им возвраќа. Тоа во дипломатијата е најголема навреда. Тој делувал најмалку како здраворазумско суштество присутно на клучни преговори за излез на Република Македонија. Целата држава зависела од неговото мисирно гледање надолу и молчење и игнорирање на сè, и со тоа навредува на сето она што вреди од Македонија, рече Нонковиќ повикувајќи се на своите извори.
Тој нагласи дека сите подоцна обиди да се направат најразлични, кога се правеле групи за разговор, Заев не давал одговор на основни прашања.
– Меѓу другото имало таму шеги на негова сметка од видот „Дали ти разбираш што зборуваме“, бидејќи Заев од сите присутни таму буквално најмалку знаел англиски и за него постојано се повикувал преведувач. Во тие преговори тие сфаќаат околу 18 часот, кога Хан дефинитивно и ја откажува посетата на БиХ, дека тоа води во ќорсокак. Овој термин го употребил и самиот Заев неколку пати, демек ова е ќорсокак не одиме никаде. Тие му велеле не одиме, затоа што со тебе нема комуникација, и повторно пак молчел. Тука веќе има прв обид поради молчењето на Заев да се прекинат преговорите, но на инсистирање на Хан кој имал навистина добра волја ова да се реши и да не биде негов личен неуспех, бидејќи е прва сериозна задача која си ја задал, ги враќа на маса и повторно се прават обиди, вели Нонковиќ
Од тој момент натака, нагласува новинарот, Заев преку бриферите почнува да испраќа лажни информации, страшни лаги и дезинформации.
-Тоа биле само желбите на СДСМ. Во тие моменти веќе се создава нервоза бидејќи делегациите дознаваат кој што информира доле, а официјалните медиуми МИА, МРТ не пуштаат шпекулации. Во тие моменти Хан прави последен напор, а Заев станал и рекол дека ќе си оди, па го вратиле и го седнале. Тогаш започнува далеку понервозно и помалку дипломатско однесување на европските претставници кон Заев, бидејќи сфатиле каде е проблемот тука имало многу викање, понижување кои на Заев не му значеле ништо. Тој почнал да ретерира и од договорот од Скопје што тотално ги извадило од колосек сите присутни. Имено рекол „Не избори во април 2016, сакам минимум две три години, не можеме така да излеземе на избори, па нема атмосфера. Кога Заев го ретерира договор од Скопје сите гледаат дека неговата намера е всушност да нема избори кои се логично следство на она што се случува во Македонија. Заев преку различни спинови се обидува без поддршка на народот да дојде на власт и таа експертска влада, со експерти од Сорос, кои знаеме колку се независни, да трае две три години вели Нонковиќ.
Новинарот додава дека неговите извори се најрелевантни, бидејќи не се од ниту една од страните кои се во судир. Најмногу им верувам на тие извори бидејќи никого не поддржуваат во директниот дијалог Груевски-Заев, вели дописникот на МИА.