Репрезентацијата на Чиле, која е домаќин на 44-то издание на Копа Америка со победа го отвори натпреварувањето.
“Домаќините” славеа против Еквадор со 2:0 (0:0), а стрелци на погодоците беа Видал во 67-та минута од пенал и Варгас во 84-та. Во судиското продолжение црвен картон заработи Фернандез.
Во групата А се и селекциите на Мексико и Боливија.