ФОТО: Актерот Петар Арсовски распали со вулгарности кон сите неистомисленици

Актерот Петар Арсовски, кој може да се забележи на сите протести организирани од опозицијата и е силен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, на социјалните мрежи вулгарно ги навредува сите оние кои не мислат како него, пишува Курир.

pero-1

„Гомно“, „обично лајно“, „гомнарот со гомнарски цевки“, „сељачишта“ „сељак неписмен“, се само дел од ниските и вулгарни навреди на Арсовски кон сите оние кои не ги застапуваат неговите политички гледишта.

Ваквиот срамен вокабулар на познатиот актер е само доказ за нервозата која владее во опозициските редови и кај опозициските активисти, кои откако увидоа дека ја немаат поддршката од народот во деструктивната политика која ја води Заев, се почесто користат вакви вулгарности навредувајќи ги граѓаните.

Инаку, Арсовски е дел од Комисиите на СДСМ и неуспешно беше носител на советничката листа на СДСМ за Скопје.

pero-2