Се фалеле на Фејсбук дека мамеле на испит, па им ја поништиле матурата

Полагањето државна матура по предметот математика е поништено во две виенски училишта бидејќи учениците на социјалните мрежи се фалеле дека мамеле на испитите.

Едно од двете училишта е Гимназијата Хегелгасе 14, каде едно цело одделение мамеле во текот на испитот.

Учениците ги фотографирале задачите и преку мобилните телефони им ги испраќале на нивните наставници по дополнителна настава, кои ги решавале прашањата.

Некои ученици преку социјалните мрежи се фалеле, па врз основа на тоа била активирана комисија на Градската образовна институција која детално го анализирала испитот и утврди дека очигледно имало неправилности.

И во Гимназијата Хенриетенплац е забележан сличен случај, па Комисијата утврди дека оценките се неприфатливи, затоа што очигледно имало измами.