
Едно лице загина, додека повеќе се потешко повредени при експлозија на автомобил во центарот на Гетеборг. Во моментот на експлозијата во автомобилот се наоѓале пет лица, меѓу кои и едно дете, кое е тешко повредено, пренесува МИА.
– Возилото е целосно уништено по експлозијата, изјави портпаролот на спасувачката служба Босе Андерсон.
Причината за инцидентот се уште не е позната, а истрагата е во тек.