
На синоќешниот тренинг на листата на повредени „се појави“ и името на Филип Миркуловски.
Тој почуствувал болка во листот на десната нога и неизвесен е неговиот настап на натпреварот со Чешка.
Првите лекарски прегледи не навестуваат дека проблемот е сериозен, но сепак времето за лекување на повредата е кратко.
Ова е дополнителен проблем за бековската линија пред се во нападот по отсуството на Наумче Мојсовски и моментот дека капитенот Кирил Лазаров се уште не е 100 отсто подготвен.
Репрезентацијата на Чешка се очекува денеска околу пладне да пристигне во Скопје. Натпреварот се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:45 часот.