
Премиерот Никола Груевски вчера во Ресен изјави дека нови 43 станови се изградени за лица во социјален ризик во Ресен и Демир Хисар.
-Исто така, во тек на градба се и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 75 станови во Прилеп и 10 во Македонски Брод, со што одиме кон бројка од приближно 800 завршени станови од групата на социјално ранливи граѓани, како дел од нашите ветувања што ги исполнуваме, потенцираше Груевски.
Пред ресенчани премиерот истакна и дека патот Битола-Ресен до превојот Буково е во завршна фаза на подготовки за негова реализација.
-Се прибраат понудите и се врши евалуација. Некаде за две до три недели од сега би требало да биде потпишан договорот за негова изградба, а потоа, во втората половина на јули ќе почне изведување на градежните работи. Тоа е наше ветување и ние се придвижуваме кон реализација на тоа ветување, рече Груевски.