Три австриски спортистки се повредени, од кои една потешко, во сообраќаен инцидент, што се случил во спортското село на првите Европски игри, што се одржуваат во Баку, главниот град на Азербејџан.
Инцидентот се случил додека Австријките, сите членки на австриската репрезентација во уметничко пливање, се превезувале со автобус.
Азербејџанските власти не даваат прецизни податоци, што всушност, се случило, освен дека возачот на автобусот, Вели Ахмедов возел под дејство на алкохол.
Возачот е уапсен, а полицијата отворила истрага и за неговите раководители. Властите тврдат дека повеќе службени лица, вклучени во организиацијата на Игрите, во спортското село, биле „алкохолизирани„.
Од трите австриски спортистки, најтешко е повредена 15 годишнината Венеса Сахиновиќ.
Таа била веднаш префрлена со авионот на азербејџанскиот претседател Алиев, во Виена, каде веднаш е извршена хирушка интервенција, која траела десет часови.
Сахиновиќ е ставана во состојба на контролирана кома, а лекарите соопштиле дека ќе мора да има дополнителни хирушки интервенции.
Нејзните другарки од пливачката репрезентавија се полесно повредени, со скршеници на ребра и со гребнатинки по телото, пренесува МИА.
Властите во Азербејџан испитувале и други можности како причина за „сообраќајниот инцидент„ во спортското село, но тврдат дека не откриле ништо сомнително.