
Ова е последната фотографија на младата Босанка Алдина Дедиќ Часуровиќ која починала само еден ден откако го кажала судбоносното „ДА“.
Таа и нејзиниот избраник биле пет години во врска, а големата несреќа се случила откако се решиле да почнат заеднички живот.
Голем број роднини и пријатели кои се во шок и неверување, на 8 јуни се собрале со куќата на девојката каде сите биле завиени во црно.
Младата девојка претходно немала здравствени проблеми. Починала откако и пукнала аортата.
Сите кои ја познавале Алдина велат дека била убава млада девојка полна со живот и енергија, секогаш насмеана, позитивна и спремна да помогне.