Двајца тинејџери во текот на вчерашниот ден загубија екстремитети во два одвоени напади на ајкули во Северна Каролина.
Првата жртва е 14-годишно девојче, кое остана без дел од левата рака, а би можела да ја изгуби и левата нога. Нешто подоцна, повторно имало напад од ајкула, а овојпат жртва било 16-годишно момче кое останало без рака.
Драматичните снимки кои се снимени веднаш по нападот покажуваат како повеќе луѓе доаѓаат да помогнат, пред жртвите со хеликоптер да бидат пренесени до најблиската болница.
Спасувачите издале наредба капачите во тој дел да излезат од водата, како не би се повторил некој сличен напад.
Ова не се единствени напади во овој дел од Северна Каролина, бидејќи во четвртокот 13-годишно девојче се спаси само со посекотини на ногата, откако ајкула и одгризала дел од даската за сурфање.