Како што пренесува српски Блиц, мајката и таткото на детето, Гордана и Стево, биле задржани во полицијата бидејќи нивните сведоштва не ги убедиле припадниците на српското МВР дека навистина се случило киднапирање. За полицијата постојат показатели дека зад исчезнувањето на детето стојат и родителите. Помладиот брат на Стефан, Урош, успеал да им побегне на киднаперите, и тој засега е единствен сведок.
“Од автомобилот излегоа три лица и едниот од нив ме фати за маицата. Успеав да побегнам дома, а Стефан бегаше кон ливадата. Тогаш го стигнале, го ставиле во автомобилот и заминале кон селото Јасеново. Во багажникот видов неколку секири”, му раскажал Урош на својот татко и соседите.
Српското МВР навело дека детето последен пат било видено во селото Банатска Суботица. Според неофицијални информации, Стефан последен пат бил виден во близина на една куќа кога излегол од полето. Со помладиот брат останал сам откако нивниот татко морал да замине на 15 минути.