Автомобил усмрти срна на автопатот Скопје-Тетово

Автомобил „бмв“ утринава околу 5 часот удрил во срна на автопатот Скопје-Тетово. Од СВР Тетово иформираат дека несреќата се случила во близина на подвозникот за Церово, кога 28-годишниот возач А.М. удрил во животното, пренесува Курир.

При несреќата нема повредени лица во возилото, додека срната предадена му е на Ловечкото друштво „Шар Планина“.

Извршен е увид, а причина за несреќата е необезбеден автопат.