
Македонија трпи штета во повеќе димензии од политичката криза. Покрај економските ефекти и создавањето на чувство на несигурност кај граѓаните, има и надворешно-политички ефекти, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија.
-Оние кои успешно не блокираа во изминатите години и кои беа соочени со определен притисок дека треба да се придвижи евроатланскиот интеграциски процес со Македонија, сега имаат одличен изговор и добро го покриваат наметнатиот спор за името со внатрешно-политичката криза. Тоа е најголемата штета која ја трпи Македонија во овој момент, истакна Попоски.
Тој зборуваше и за денешниот министерски состанок на ЦЕИ во Охрид, а неговото гостување на Канал 5 погледнете го во продолжение.