Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска им порача на сите оние кои ги поттикнуваат тензиите со теми поврзани со етничките прашања, да бидат внимателни „кога си играат со етничкиот оган“, пишува МИА.
– Лесно се пали, тешко се гаси. Тоа ви го кажувам како пожаникар. Постојано предупредувам дека многу е лесно да се зборува и многу е лесно да се предизвика етнички конфликт. Се надевам дека ме разбраа оние што си играат со огнот, изјави Борисов по средбата во Софија со еврокомесарот за регионална политика Корина Ктецу.
Како пто јави БТА, Крецу од своја страна нагласи дека цел на нејзината посета на Бугарија е да ја демонстрира солидарноста на Европската комисија со земјата.
– Во одобрените програми (на ЕУ) има одвоени средства за социјалната инфраструктура, вклучително и за маргинализираните заедници, изјави Крецу.
Според Крецу, важно е да се мисли за вклучување на овие заедниици, што е еден од предизвиците за цела ЕУ и за што треба да се бара решение.
– Затоа и сум тука. Да понудиме помош за тој проблем, рече Крецу.