Авганистанските талибанци го предупредија денеска лидерот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) да не прави никакви обиди за дејствување во Авганистан.
– Џихадот против Американците и нивните сојузници треба да се води под едно единствено знаме, а тоа е она на талибанците на Мула Омар, изјави неговиот најблизок соработник Ахтар Мохамед Мансур.
Во писмо од Мула Омар адресирано до лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади се наведува и предупредува дека талибанците ќе бидат принудени да реагираат, доколку неговата организација се обиде да се вмеша во Авганистан.