Конференција за енергетските предизвици на државата денеска организира Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија.
Целта е стопанските субјекти да се запознаат со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Република Македонија.
На конференцијата најавено е учество на министерот за економија Беким Незири и на претставници од бизнис секторот, од надлежните министерства, науката, како и од други институции и организации од областа на енергетиката.