Шест студенти го загубија животот, седуммина се тешко повредени при пад од балкон за време на забава во Калифорнија.
Несреќата се случила додека групата била на роденденска забава кај пријател.
Одненадеж балконот попуштил и се урнал заедно со студентите кои стоеле на него.
Несреќата се случила на третиот кат од зградата, а балконот бил на 12 метри височина.
Петмина од жртвите се ирски студенти, кои дошле во посета на пријатели од универзитетот беркли, а еден бил американец.
Ирскиот претседател Мајкл Хидис ја потврди информацијата и изрази сочувство за големата загуба.