Самарџиски е подготвен да и помогне на Македонија

Центарот на МЗТ Скопје Предраг Самарџиски ќе биде дел од македонската репрезентација на Eвробаскетот 2015.

Самарџиски преку официјално соопштение веќе го информирал новиот спортски директор на МКФ, Заре Маркоски дека ќе се стави на располагање на селекторот Џикиќ за престојниот настап на Европското првенство.

“Со големо задоволство можам да кажам дека се ставам на располагање на селекторот и на македонската кошаркарска репрезентација со цел што подобро да ја претставам на Европското Првенство 2015” – се вели во официјалното известување на Самарџиски до Заре Маркоски.