
Расте интересот за инстант лозот Смајли со главни премии 35 скутери од познатиот италијански бренд “Piaggio”. Зголемувањето на бројот учесници во оваа игра на среќа ги зголемува и шансите за постигнување на премија.
Денешна добитничка е Невена Маневска од Скопје. И таа како и претходната добитничка на скутер, за прв пат купила инстант лоз и изгребала премија. Невена не играла игри на среќа, а како и многумина не верувала дека нејзе може да и се падне добивка. Но, при прошетка во Капитол мол во Скопје, погледот и застанал на атрактивното среќно место на Државна лотарија на Македонија каде е поставен скутер, па го избрала лозот со симбол на емотиконот СМАЈЛИ кој носи премија скутер.
Откако под полето за гребење се откриле три исти симболи и љубезните девојки на продажното место и потврдиле дека ова е добитен лоз, Невена се уверила во пораката на Државна лотарија на Македонија – Кој игра, тој добива.
Среќната добитничка за првпат купила само еден лоз и за 30 денари, не добила само скутер, туку и поголема верба во себе и својата среќа, што за неа е уште поголема придобивка.