Стапува изборниот молк во Албанија

Од денеска на полноќ настапува изборниот молк во Албанија пред неделните локални избори.

По најкоретната до сега изборна кампања, во која ги немаше некогашните крвави инциденти, тепачки, кинење изборен материјал, се очекува и неделниот изборен ден да мине во најдобар ред, јавува МИА.

По првпат овие избори се спроведуваат според новата административно теритпријала поделба на земјата, која наместо 363 сега иа само 61 општина.Главната битка ќе се води меѓу двете изборни коалиции, онаа на левицата„Алијаса за европа Албанија“(ASE), која ја предводат социјалистите на премиерот Еди Рама и која брои 37 политички субјкети и на десницата „Народна алијанса за работа и достоинство“(APPD) предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, во која се 15 политички субјекти.

По откажувањето на баша да се рекандидира, во трка за неговото место, прв човек на Тирана се повеќе лкандидати. Сепак главната битка ќе се води  меѓу социјалистот  Ерјон Велијај , која беше министер за труд и социјала во владата на Рама и демократот , позмнатиот лекар Халим Косова.

Единствената македонска партија ,Македонска алијанса за европска интеграција е во левата коалиција. Таа на овие иозбори е со кандидата за градоначалник само во општина Пустрец, каде за трет мандат довербата ја бара Едмонд темелко и кандидатски листи за советниви во 16  општини на кои се 200 Македонци. На последните локлани избори МАЕИ освои 16 советнички места, сега се надеваат дека тие ќе бидат многу повеќе.