Времето во Македонија ќе биде променливо и облачно, со дожд во одредени делови на земјата и ретка појава на грмежи.
До крајот на денот ќе се задржи променливо време, со повеќе сончеви периоди претпладне и тоа претежно во јужната половина од земјата, додеа попладне ќе биде пооблачно со повремен дожд и ретка појава на грмежи, пред се во западната половина од земјата, како и во планинските делови од источниот регион.
Повремена нестабилност се очекува и навечер, но со поголеми услови за дожд со ретка појава на грмежи во источниот крај.
Највисоката дневна температура ќе има вредност околу 27°С во северниот и југозападниот крај, а околу 29°С во југоисточниот.