Почнува летото, денеска е најдолгиот ден во годината

Денеска денот ќе биде најдолг, а ноќта најкуса на северната хемисфера и во нашата земја, а тоа значи и првиот ден од летото! Денешниот ден ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта ќе биде најкратка за годинава, 8 часа и 46 минути. Веќе од понеделник деновите ќе почнат да се скратуваат по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се скратуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември.

Денеска започна со облачно и врнежливо време. Во најголем дел од земјата температурата во 7 часот беше со вредности помеѓу 12 и 14 целзиусови степени. Но, облачната маса која го донесе бран на врнежи полека се „извлекува“ кон исток.

Врнежите во западниот регион од земјава веќе се со тенденција на слабеење, а во источниот рагион се уште претпландево има услови да „држат“ умерен интензитет.