На улицата „ЈНА“ во Тетово вчера околу 23 часот Ш.И.(19) и О.Б.(18) најпрво биле вербално навредувани, а потоа и физички нападнати од четири лица од Тетово.
Тие најпрво ги удирале со стаклени шишиња и метални столчиња, по што го напуштиле местото на настанот.
Двајцата се пренесени во Клиничката Болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Се работи на целосно расчистување на случајот.