Единаесетиот по ред крал на кралството Бафута, на северот во Камерун има речиси 100 жени.
Полигамијата е нешто нормално и се води како традиција во руралните подрачја како што е Камерун.
Сите овие жени камерунскиот крал ги наследил од претходните владетели, а само со мал број од нив се оженил.
– Кралиците играат голема улога во нашата заедница – истакнува принцот Никсон, еден од синовите на кралот Абумби, и истакнува дека тие стојат зад своите мажи и ги трансформираат во идни кралеви.
Иако полигамијата е легална во Камерун, податоците тврдат дека ваквите бракови се реткост на африканскиот континент.