Во координирана акција на полициите на Босна и Херцеговина и на Франција уапсени се 15 лица поради илегална трговија со луѓе и злоставување на млади жени и деца, објави МИА.
Во БиХ се уапсени седум лица, а во Франција осуммина, пренесува Фена.
Операцијата е спроведена во реонот на босанските градови Зеница, Власеница, Приједор и Јајце. Уапсените се осомничени за илегална трговија со луѓе и за нивно експлоатирање. Властите на БиХ оценуваат дека од 2012 година осомничените врбувале многу жени кои во Франција краделе. Тие врбувале и деца и незаконски се стекнале со повеќе од два милиони евра.
Приведените се осомничени и за перење на пари, фалсификување на документи, илегална трговија со луѓе и злоупотреба на наркотици.