
Мажот кој во Уганда е прогласен за најгрд човек стана татко по осми пат.
Тој зад себе има два брака. Со првата жена има две деца, а со втората сега го доби шестото дете.
Четириесет и седумгодишниот Годфри Багума, познат и како Себаби што значи, „најгрд“ страда од ретка медицинска состојба поради која игледа така како што изгледа, но тоа не го спречува да води нормален живот.
Тој се оженил со втората жена, Кејт Наманда (30) во 2013.година. Тие сега го добија шестото дете, а Себаби од првиот брак им уште две деца.
Себаби се развел од прватаена бидејќи ја фатил со друг маж.
-Таа ги сакаше само моите пари. Сите постојани и велеа дека може подобро, па започна да се глед со друг маж, вели тој.
Преку својата тетка Себаби ја запознал Кејт, која во тоа време имала само 18 години.