Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег

Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег

Лидерот на хрватската опозиција и најверојатен иден премиер на Хрватска, Томислав Карамарко го смета за нецивилизирано тоа што македонската опозициска партија СДСМ го прави во Македонија со јавно објавување на прислушувани телефонски разговори на претставниците на највисоките државни органи, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), која пред претстојните парламентарни избори во Хрватска има убедливо водство во анкетите, Карамарко денеска присуствува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), на кој е заедно со македонскиот премиер Никола Груевски, но и со други европски политички лидери.

Запрашан да го коментира однесувањето на македонската опозициска партија, лидерот на ХДЗ со дециден став:- Тешко ми да го коментирам тој случај. Навистина не ги знам деталите околу тоа. Но, мислам дека такви работи, како изнесување тајни податоци од службите, дефинитивно не е добро да се случува во едно цивилизирано општество, истакна Карамарко.

Реакцијата на идниот премиер на Хрватска е поради класичниот удбашки метод на СДСМ со прибавување и објавување на присушувани материјали да уценува легитимна власт, а во време додека во хрватското општество наголемо се пласираат приказни за негова поранешна припадност на тајната служба – УДБА.