
Македонија е земја во која трошоците за живот се најниски во Европа, објави турскиот Завод за статистика.
Според нивните податоци и компаративни анализи Македонија е најевтина земја за живеење на европскиот континент. За разлика од нас, највисоко на скалата од 37 земји кои учествувале во компарациската програма е рангирана Швајцарија, како земја со најголеми трошоци за живеење. Меѓу најскапите земји за живот, веднаш пред Швајцарија се вбројуваат и скандинавските земји.
Петте држави кои се класифицирани како најевтини се земји од балканскиот регион. Веднаш зад Македонија, на листата, се наоѓа Бугарија. На трето место е Албанија, четвртото место го зазема Босна и Херцеговина, додека пак петтата најевтина земја за живот во Европа, според турскиот Завод за статистика е Србија.