
Вчера во 21,00 часот на граничниот премин „Богородица“, со меѓународниот воз 334 за влез во Република Македонија, се пријавил кипарскиот државјанин M.И.(1980) во Пафос – Кипар, со кипарска патна исправа.
Како што информира МВР, при вршењето на гранични проверки било констатирано дека лицето фигурира во евиденциите со мерка за лишување од слобода по Телеграма од 04.05.2015 и за истото е распишана меѓународна потрага од Интерпол Кипар.
Истиот е задржан и во 23.45 часот е предаден во полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.