И кога зборуваме за она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за младите во Македонија, веројатно најважно од се е што во Македонија, инвестираат толку многу компании од светот што се отворија, и допрва ќе се отвораат илјадници нови работни места, кои во најголем дел ги завземаат младите, и нивната иднина во Македонија доби поинаква смисла. Ова го посочи премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Еве деновиве министерот Бил Павлески ме информираше за две нови инвестиции. Тој ме информираше дека се завршија преговорите со една компанија за производство на делови за автомобилска индустрија, главни компоненти во секој автомобил, и самата компанија веќе донела одлука на бордот на директори да инвевестираат во нова фабрика во Пробиштип, во која планираат да вработат 280 луѓе и да инвестираат 15 милиони евра.Тие веќе регистрирале фирма во Македонија и ги ангажирале првите неколку вработени. Според најавата, во првата половина на јули, менаџерскиот тим планира да дојде со цел да го потпише договорот со владата, рече Груевски.
Министерот Бил Павлески, рече Груевски, го информирал дека друга германска компанија за производство на електрични уреди исто така донела одлука на нивниот борд на директори да инвестираат во ТИРЗ Скопје 30 милиони евра и да вработат 500 лица, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-И тие веќе регистрираа компанија во Македонија и отворија канцеларија и ги имаат вработено првите неколку луѓе.Уште повеќе што оваа компанија пред две недели потпиша договор со ТИРЗ за закуп на парцела на која ќе се гради фабриката, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека од друга страна неделава министерот Висар Фида најавил дека една швајцарска компанија која произведува соларни панели има донесено интерна одлука за инвестиција од 11 милиони евра и до 500 вработувања, исто така во зоната во Скопје.
-Неодамна беше објавено дека Македонија има најголем раст на странски директни инвестиции по глава на жител во 2014та споредено со 2013-та. Две години по ред, 2013 – та и 2014 – та, имаме економија со втор највисок раст во Европа, а самата ЕК објави дека годинава 2015 – та, и следната 2016 – та, очекува најголем раст на економијата во Македонија во цела Европа, и тоа и оваа и следната година. Пак ќе прашам. Кога го имало тоа порано? Никогаш. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е тоа што е денес, и затоа УМС е тоа што е денес. Затоа што има и многу работа, и многу резултати, рече Груевски.